rke bitola prekin blok 1

28.06.2023 Скопје

ТЕЦ Битола е составен дел од Рударско-енергетскиот комбинат Битола и е во функција повеќе од 30 години. Лоцирана е на периферијата на пелагонискиот базен, 12 километри источно од градот Битола и околу 15 километри северно од грчката граница.

Според новиот извештај на CEE Bankwatch Network „Усогласи или затвори – 2023“, битолкската термоелектрана е лидер во најзагадувачки индисутриски капацитет од земјите од Западен Балкан.

Во извештајот се наведува дека македонските електрани работат спротивно на обврските и наместо да ги намалуваат емисиите, согласно правилата за контрола на загадувањето преку Спогодбата за Енергетската заедница тие ги зголемуваат.

Секретаријатот на Енергетската заедница веќе има отворено случај против Република Северна Македонија поради непочитување на одредбите за намалување на емисиите.

Во извештајот се забележува дека со енергетската криза и активирање на ТЕЦ Неготино, земјата се движи во спротивна насока и продолжува сериозно да ја загадува животната средина и да го загрозува здравјето на граѓаните.

Со само првиот и вториот блок кои беа активни во 2022 година, електраната ТЕЦ Битола емитувала 111.408 тони сулфур диоксид во воздухот, количина којашто е 17 пати поголема од дозволената со Националниот план за намалување на емисиите и е повеќе од вкупните емисии што се дозволени за сите термоелектрани на јаглен во Западен Балкан.

Подготвено од М.Н.

About Author