19.06.2023 Скопје
Тајланд денеска ќе биде домаќин на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) чија цел е повторно воспоставување дијалог со воената влада на Мјанмар.
На состанокот, кој тајландската влада во заминување го најави пред само неколку дена, а првично беше закажан за вчера, нема да присуствуваат Сингапур и Малезија, а неизвесно е и присуството на министри од други земји.
Тајландската влада на премиерот во заминување Прајут Чан-оча, еден од најблиските до бурманската воена хунта меѓу земјите на АСЕАН, кој пред само четири дена испрати покана до министрите за надворешни работи на Асоцијацијата за „неформален состанок“ каде ќе учествува и шефот на дипломатијата на бурманската воена влада, Тан Све.
Бангкок дури вчера вечерта објави нота со која соопшти дека состанокот е одложен за денеска и дека „треба да учествуваат претставници на високо ниво од Лаос, Камбоџа, Мјанмар, Индија, Кина, Брунеи и Виетнам.
Лидерите на бурманската хунта се исклучени од состаноците на високо ниво на АСЕАН околу две години, по воениот удар со кој беше соборена избраната влада на државниот советник Аунг Сан Су Чи во февруари 2021 година. Министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивијан Балакришнан, во петокот изјави дека „би било прерано да се обнови дијалогот со хунтата на највисоко ниво или на ниво на министри за надворешни работи“.
Малезија пак појасни дека нема да учествува на состанокот во Бангкок, а со истото мислење изгледа е и владата на Филипините, која нема сооштено никакви официјални најави, но е за изолација на бурманската воена влада.
Подготвено од М.Н.