malarija komarec

22.06.2023 Скопје

Светската здравствена организација соопшти дека централноамериканската нација „постигнала драматично намалување“ на случаите на маларија, од 10.000 во 1994 година на нула домородни случаи во 2019 година.

Во соопштението се наведува дека достигнувањето на Белизе ќе послужи како инспирација за другите земји во Америка, каде маларијата е ендемична.

Маларијата, која се пренесува на луѓето од некои видови комарци, може да биде смртоносна.

СЗО соопшти дека Белизе ја држела борбата против маларијата во првите редови на својата агенда за јавно здравје. Исто така, ја пофали земјата за дистрибуција на мрежи против комарци третирани со инсектицид и поттикнување на прскање со инсектициди во затворени простории.

Организацијата, исто така, рече дека обучените здравствени работници во заедницата „играле витална улога во навременото дијагностицирање и лекување“ на маларијата.

СЗО ја потврдува нацијата како без маларија кога покажа „со ригорозни, веродостојни докази“ дека нема пренос на маларија во земјата најмалку три последователни години.

Белизе е трета земја во светот која оваа година досега се сертифицирала, по Азербејџан и Таџикистан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author