07.06.2023 Скопје
Светската банка објави дека светската економија најверојатно нагло ќе забави оваа година, под притисок од високите каматни стапки, последиците од војната во Украина и долгорочните последици од пандемијата на корона вирусот.
Во новата прогноза на агенцијата, во чие членство се 189 земји, се наведува дека меѓународната економија ќе порасне за само 2,1 отсто во 2023 година, по растот од 3,1 отсто во 2022 година.
Сепак, последниот извештај на Светска банка за глобалните економски перспективи претставува подобрување во однос на претходната прогноза во јануари. Тогаш се предвидуваше глобален раст од само 1,7 отсто оваа година.
Федералните резерви на САД и другите големи централни банки агресивно ги зголемуваат каматните стапки за да се борат против инфлацијата, која почна да расте по пандемската рецесија, недостигот на синџирот на снабдување и зголемените цени на енергијата и храната предизвикани од војната во Украина.
Глобалната економија се покажа како изненадувачки отпорна наспроти повисоките трошоци за задолжување, а Светската банка предвидува дека растот ќе се забрза до 2,4 отсто во 2024 година.
Подготвено од А.Ѓ.