suzuki letecki avtomobili

20.06.2023 Скопје

Јапонскиот производител на автомобили „Suzuki Grup“ денеска објави дека потпишал договор со „SkyDrive“ за производство на „летечки автомобили“.

Двете компании ќе користат производствен погон на Suzuki во централна Јапонија за да склопат електрични вертикални авиони за полетување и слетување (eVtol) веќе на пролет следната година.

SkyDrive ќе формира подружница во целосна сопственост, додека Suzuki ќе помага во подготовките за почетокот на производството, вклучувајќи ја и потрагата по специјализиран персонал.

SkyDrive, компанија со седиште во Toyota, централна Јапонија, меѓу своите акционери ги вклучува технолошката компанија Nec, комерцијалниот гигант Itochu и енергетската компанија Eneos Holdings.

Подготвено од М.Н.

About Author