05.06.2023 Скопје
Огромна песочна бура го погоди Суецкиот канал во Египет.
На видеото кое е објавено на социјалните мрежи може да се види како „облакот“ опкружува еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Суецкиот канал моментално привремено е затворен од страна на властите на Египет.
Песочната бура исто така го погоди и главниот град на Египет, Каиро, а властите и таму превземаат мерки за справување со оваа несекојдневна загрижувачка појава. Сообраќајот во Каиро е во застој а институциите и уцилиштата се привремено затворени.
Подготвено од М.Н.