miren protestna sudskata administracija

13.06.2023 Скопје

Претседателката на судска служба на Република Северна Македонија, Јасмина Величкова, на денешниот протест што го организираше Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација, изјави дека овој протест е предупредувачки, а нивните барања се и тие да имаат повисоки плати како што имаат функционерите во државата.

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје.

Потпретседателката на Здружението на судска администрација, Рената Ѓоргиевска, истакна дека на протестот го изразуваат своето незадоволството од одлуката на Судскиот совет, односно дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.

Вработените побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба, и доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.

Подготвено од М.Н.

About Author