ministerstvo za zdravstvo

10.06.2023 Скопје

Нема изедначување на цените во јавното здравство помеѓу странските државјани и државјаните на Република Северна Македонија, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување, соопштија од Министерството за здравство.

Министерството преку сооопштение ја објасни изјавата на министерот Фатмир Меџити, која на прес-конференцијата ја кажа само на албански јазик, дека граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат во Република Северна Македонија по исти цени како македонските граѓани.

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, од Министерството велат дека дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија кои се неосигурани и плаќаат приватно.

Од Министерството за здравство истакнаа дека, за овие промени не се потребни никакви дополнителни промени во законот, бидејќи дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници односно еден ценовник за приватни здравствени услуги.

Со оваа промена на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга, соопштија од Министерството.

Ова правило и порано било функционално во некои државни клиники, а сега со оваа одлука се продолжува иницијативата и за во другите клиники, соопшти Министерството.

Подготвено од М.Н.

About Author