15.06.2023 Скопје
Американската централна банка, ФЕД, соопшти дека по десет зголемувања по ред ќе ја паузира својата историска кампања за зголемување на каматните стапки. Но, сепак истакнаа дека до крајот на годината се очекуваат нови покачувања на каматните стапки.
Гласањето во ФЕД за прескокнување на зголемувањето на каматите на овој состанок беше едногласно, а оваа одлука нестрпливо се чекаше.
Од март 2022 година, претставниците на ФЕД ја зголемија референтната каматна стапка на централната банка 10 пати по ред во обид да ја оладат американската економија и да се борат против инфлацијата која останува двојно поголема од она што беше проектирана цел на ФЕД.
Изјавата од ФЕД по состанокот потврди дека официјалните лица веруваат дека паузата во покачувањето на каматните стапки е мудар потег, но повеќето од нив се убедени дека ќе бидат неопходни дополнителни зголемувања до крајот на годинава.
Подготвено од А.Ѓ.