06.06.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека, уништувањето на браната Нова Каховка во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна.
„Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“, истакна Столтенберг.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, изјави дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија на Украина со, „пропагандни митови“, до отворено објавување на своите вистински цели, односно да ја уништи Украина и да ја уништи економијата во Украина.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека уништувањето на браната не претставува директна закана за снабдувањето со електрична енергија на земјата.
Подготвено од М.Н.