29.06.2023 Скопје
Украина мора да победи во конфликтот против Русија како „суверена европска држава“ со цел да бара членство во Северноатлантската алијанса.
Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
„Најитната задача во моментов е да се осигураме дека Украина ќе победи како суверена независна европска држава. Главниот фокус мора да биде на обезбедување на победата на Киев. Ова ќе биде прелиминарен услов за каква било сериозна дискусија за членството“, објасни Столтенберг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека доколку Киев не добие покана за НАТО на самитот во Вилнус во јули, тоа ќе ги демотивира вооружените сили на Украина.
Претходно, на 19 јуни, Столтенберг изјави дека на самитот во Вилнус и за време на подготовката за него, сојузниците нема да ја разгледаат формалната покана за Украина, туку ќе се консултираат за тоа кои одлуки ќе го доближат Киев до приклучување кон воената алијанса.
Подготвено од А.Ѓ.