30.06.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека инцидентот во кој беше запалена копија од Куранот во Шведска е навредлив и непожелен, но не и незаконски.
„Во врска со палењето на Куранот, ја разбирам емоцијата и длабочината на чувството што го предизвикува, тие постапки се навредливи и непожелни, но не се незаконски во суверените правни системи“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Брисел.
Столтенберг изјави дека не ги поддржува протестите против Турција и НАТО кои неодамна избија во Шведска, но дека го брани правото на несогласување, кое е дел од слободата на изразување.
На првиот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам се одржа протест пред главната џамија во Стокхолм во кој беше запален Куранот.
Демонстрациите беа одобрени од шведските власти. Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека одлуката на полицијата е законска, но несоодветна.
Ова не е прв протест во Шведска кој вклучува палење на Куранот, а таквите демонстрации предизвикаа тензии меѓу Стокхолм и Анкара, чија поддршка Шведска треба да се приклучи на Алијансата.
Подготвено од А.Ѓ.