08.06.2023 Скопје
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО мора да разговара за опциите за обезбедување безбедносни гаранции за Украина за времето по војната со Русија.
За новинарите на настанот во Брисел, Столтенберг истакна дека војната штом ќе заврши, на НАТО ќе му требаат аранжамни за да се осигура дека Русија нема едноставно да ги прераспореди своите сили за нов напад.
Во исто време, тој јасно стави до знаење дека НАТО – според членот пет од Вашингтонскиот договор – ќе обезбеди целосни безбедносни гаранции само за полноправните членки на оваа организација.
Подготвено од А.Ѓ.