https://www.facebook.com/NATO/photos/bc.AbrIchpcsAoPiqtcFZt5O7g8m66jgCdncL11iXgAk9DasnsVBqpnm1l6SLZqx0NS_oDLdxTqwKqClT-_qGFMrXyNdftjr8l5KlL4GoEn5U0bpmqagI_cOJ_NH1BXv-ZH_ytDKU0PtgiNk8D2dSxHyYrN/2379199778770006/?opaqueCursor=Abq_qWg_3b-jY8ktNCBYymvE575ttW2XkrDmcO7RVHfhIFclMYOH3oZTaqX9E8P5YSkTtSddmkX0WML4kL1OUXAW9xyjPMhjvmwZstGDqGPpGQZhVH20TRqD-3eBaDQCAFiFbu1hYs3fYXzBLLFPFrQRFvF9nBmnyHSMvdvJFOymqS9__qKhWiPX1qnDxRXPVFYTsZUDVITwrJJ6UsX93cvnGSN7GizyiCh7w3Ce7KrKPo_m4TyOJwQTtQgDzwIFW079gK35dBUjAYGHO9QN8rQcb0TU3-rBqY2ipkc_UdPCkTt6cjq8x7Wz79J6Mh_i90IyBFX2jUyGixCm9iXI957_2t24sd46A3Xh9kV6ek-Xd7ExLkdEI_iAlcJ6cE8Tm326S8MAXZhpWZSlQEOV9A3U-y0gR0ixDwbGF_nmr04HklA_atbd0ZQ--Mm67-sDaxP6LK31-dXRujmMjSKoTeUPQWKLGOQJ0fbmkq5oHZl_SbRa3N84IzWPPy0HE92UBTGyBA3Uj8CAihiBRzDr3kPYZIId3c2WS1kFtO4FC4CtAQkeJyGn_Hig7PuKsOqZv7yZGgpqPyDxjJNJckE4FbNRFf8ZVC38iC2jXHxgY0raahJ-Kr3_hiLB-XblmC1_zas

28.06.2023 Скопје

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, изјави дека Алијансата е подготвена да се брани од секаква закана.

„Испративме јасна порака до Москва и Минск, дека НАТО е тука да го заштити секој сојузник и секоја педа од својата територија“, рече Столтенберг по средбата со лидерите на седумте членки на Алијансата во Хаг.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од преместувањето на војниците на паравоената група „Вагнер“ во Белорусија, тој рече дека е рано да се шпекулира за тоа.

„Прерано е да се извлечат какви било заклучоци за последиците од тоа што Пригожин се преселил во Белорусија и дека најверојатно некои од неговите војници ќе бидат лоцирани и во Белорусија“, рече Столтенберг.

Од друга страна, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека НАТО мора да даде остар одговор на трансферот на трупите на Вагнер.

„Тоа е навистина сериозно и многу загрижувачко и мораме да донесеме многу цврсти одлуки. Тоа бара многу, многу остар одговор од НАТО“, рече Дуда по состанокот со другите лидери на НАТО во Хаг.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author