https://www.facebook.com/photo.php?fbid=513975543421903&set=pb.100044283856925.-2207520000.&type=3

16.06.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја остави отворена можноста неговиот мандат да биде продолжен, откако високи претставници на земјите-членки на Алијансата отворено ја поддржаа идејата, вклучително и еден од неговите потенцијални наследници.

На прашањето дали бил убеден за време на неговата посета на Вашингтон да остане прв човек на воената алијанса, Столтенберг рече: „Јас сум одговорен за сите одлуки што треба да ги донесе НАТО, освен за онаа за мојата иднина. За тоа треба да одлучи 31 сојузник“.

Во септември, Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, изјави дека не бара ново продолжување на мандатот.

Говорејќи пред новинарите на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Столтенберг инсистираше на тоа да остане така, но постојано одбива да каже што би направил доколку членките на Алијансата побараат од него да остане генерален секретар.

Мандатот му е веќе трипати продолжен и во септември треба да се пензионира по девет години како генерален секретар на НАТО.

Сепак, членките на Алијансата мака мачат да најдат наследник кој би можел да доведе до потребниот консензус на 31 членка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author