19.06.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија не треба да се избрзуваат, доколку тоа значи дека Москва ги диктира условите за мир.
Откако јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза оваа недела во Киев изјави дека „мирот треба да се постигне преку дипломатија, што е можно поскоро“, Столтенберг се согласи, но не по секоја цена.
„Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, за мирот да биде одржлив, мора да има правда. Мирот не значи замрзнување на конфликтот и прифаќање договор диктиран од Русија“, изјави Столтенберг.
Тој рече дека „само Украина“ може да одреди кои услови се прифатливи.
„Треба да се погрижиме кога ќе заврши оваа војна, да има веродостојни договори кои ја гарантираат безбедноста на Украина, за Русија да не може повторно да нападне, со што ќе се прекине циклусот на руска агресија. Колку повеќе окупирани територии Украина може да ослободи, толку подобри карти ќе има на преговарачката маса во смисла на постигнување праведен и траен мир“, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Подготвено од А.Ѓ.