stejt department

27.06.2023 Скопје

САД нема да шпекулираат за мотивите на шефот на паравоената формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин за поттикнување вооружен бунт во Русија за време на викендот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, оценувајќи го потегот на Пригожин како „значаен чекор“.

„(Рускиот претседател) Владимир Путин е тој што го подигна сеништето во 1917 година, не некој друг, ниту некој од владата на Соединетите држави“, рече Мулер на брифингот со новинарите, додавајќи дека не знаел за никаков контакт на Вашингтон со како што изјави, од режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во тоа прашање.

Милер рече дека нема проценка за локацијата на Пригожин или распоредот на силите на Вагнер во Украина или на друго место, истакнувајќи дека ситуацијата во Русија останува „динамична“.

Потегот на Пригожин го оцени како „значаен чекор“, бидејќи, како што наведе, ново е што имало директен предизвик за раководството на рускиот претседател.

„Нова работа е да се види дека Евгениј Пригожин директно ги доведува во прашање причините за оваа војна и вели дека војната во суштина се засновала на лаги, што е нешто што ние самите го кажавме претходно, но сигурно не сме слушнале такво нешто од руските официјални лица претходно. “, изјави Милер.

Како што додаде, не е јасно какви ќе бидат крајните импликации од она што се случи врз активностите и интересите на Соединетите Американски Држави.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author