12.06.2023 Скопје
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи норвежанецот Каспер Руд со 3:0 (7:6, 6:3, 7:5) во финалето на Ролан Гарос и стана тенисерот со најмногу освоени грем-слем титули во историјата.
Каспер Руд едноставно немаше сили да се спротистави на Ѓоковиќ кој го контролираше мечот од почетокот до крајот. Со третата титула во француската престолнина Ѓоковиќ сруши неколку рекорди и според многумина уште еднаш потврди дека е најдобриот во историјата на овој спорт.
Ѓоковиќ се искачи на вечната листа на победниците на грен-слем турнирите со 23 пехари, оставајќи го зад себе Рафаел Надал со 22 пехари.
Српскиот тенисер исто така стана првиот во светот со најмалку седум финалиња на четирите грен-слем турнири, а со вкупниот број настапи во битките за пехар се изедначи со Крис Еверт 34.
Оваа победа на „Роланд Гарос“ значеше и враќање на Ѓоковиќ на првото место на АТП листата.
Подготвено од М.Н.