07.06.2023 Скопје
Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ ја истакна играта на одбраната како клучен фактор пред третиот меч од серијата.
Кошаркарите на Мајами изедначија на 1-1 во финалето на НБА во понеделникот, откако на гостински терен го совладаа Денвер со 111:108.
„Не победија минатиот натпревар, каде што беа навистина подобри од нас. Се надевам дека за овој натпревар најмногу ќе ја подобриме комуникацијата на теренот и дека ќе бидеме многу подобри во дефанзивата и затоа ако направиме неколку одбрани по ред, ќе имаме можност да истрчаме уште малку во напад, да ја забрзаме играта, што ќе ни помогне“, изјави Јокиќ.
Третиот натпревар на програмата е ноќта меѓу среда и четврток.
Подготвено од А.Ѓ.