srpski vozachi na kamioni

20.06.2023 Скопје

Возачите на камиони со српски регистарски таблички кои веќе неколку дена стојат на овој административен премин решија да го блокираат патот Косовска Митровица – Рашка.

Го блокираат патот поради блокадата на стока од Србија од седиштето на Владата во Приштина. Триесетина камионџии од Куршумлија го блокираа и главниот пат Ниш – Приштина, во селото Рударе.

Излегоа од камионите, пуштаа автомобили и автобуси, но, како што потврдија, нема да пуштат камиони со регистерски ознаки на самопрогласено Косово.

И патот Мердара – Куршумлија беше блокиран за камиони поради забраната за влез на камиони со српска роба во Косово и Метохија, но и во знак на поддршка за Србите од Косово и Метохија.

На оваа делница наизменично минуваат патнички возила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author