16.06.2023 Скопје
Царинската управа на Србија соопшти дека царинските службеници денеска на граничниот премин Келби забележаа историска заплена на девизи и хартии од вредност, во вкупна вредност од 15.117.000 евра.
Прекршокот бил откриен кога на влез во државата на детален преглед бил издвоен автомобил со германски регистарски таблички во кој патувале двајца странски државјани.
Царинската управа, воедно, додаде дека на вообичаеното прашање на царинскиот службеник, патниците одговориле дека носат само личен багаж и дозволената количина девизи.
Следел детален преглед и по тој повод на повеќе места во автомобилот биле пронајдени околу 117.000 евра во различни валути – 49.700 евра, 53.993 американски долари, 14.370 британски фунти, 5.030 германски марки, како и 23.950 руски рубљи.
Тогаш се пронајдени три доносителски хартии од вредност на германски банки, секоја вредна по пет милиони евра.
Како што беше соопштено, патниците заедно со откриените пари и хартии од вредност се преземени под натамошна надлежност од страна на Вишото јавно обвинителство.
Подготвено од А.Ѓ.