01.06.2023 Скопје
Протестите на Србите пред зградите на општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток ќе продолжат и денеска.
Најавено е дека ќе опстојат на барањето специјалните единици на РОСУ да се повлечат од северот на Косово и Метохија и четворицата незаконски избрани градоначалници да се воздржат од влез во општинските згради.
Од српската листа Срна беше кажано дека протестите ќе бидат помасовни во сите општини и дека Србите нема да прифатат припадници на единицата РОСУ, која надвор ја „обезбедуваат“ припадници на Кфор, да останат во зградите на општините.
Кфор упати апел до сите страни да се воздржат од какви било инциденти и конфликти и дека решението на ситуацијата мора да се бара преку дијалог.
Подготвено од А.Ѓ.