06.06.2023 Скопје
Потпретседателот на шведскиот давател на аудио стриминг и медиумски услуги Spotify, Сахар Елхабаши, соопшти дека ќе отпушти околу 200 луѓе, или два отсто од својата работна сила, бидејќи планира да ја реорганизира својата единица за подкаст, и додаде дека компанијата од Стокхолм ќе ги комбинира подкаст мрежите Parcast и Gimlet во рамките на делот за подкасти „Spotify Studios“.
Елхабаши додаде дека со овие промени ќе се забрза следното поглавје за подкасти на „Спотифај“, кое носи силни иновации за корисниците, успешна монетизација и поширока публика за креаторите.
Елхабаши истакна дека оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат пакети за отпремнина, вклучувајќи проширена здравствена заштита и непосреден пристап до поддршка за вработување.
Подготвено од М.Н.