27.06.2023 Скопје
Министерот Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.
„Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да задолжи соодветни институции за спроведување на законот и да се проверат сите факти и аргументи“, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски.
Во врска со најавениот собир во организација на МПЦ-ОА во знак на протест од предложениот закон за родова еднаквост, Спасовски посочи дека законот се уште не е влезен во владина процедура, потенцирајќи дека треба да се отвори широк дијалог.
Подготвено од А.Ѓ.