22.06.2023 Скопје
Италијанскиот тим за автомобилската индустрија започна различна и нова ера, бидејќи, благодарение на министерот Урсо, за прв пат регионите се вклучени во дефинирањето на националните политики за автомобили, со цел да се формира заеднички фронт за предизвиците на пазарите.
Претседателот на Пиемонт, Алберто Сирио, на крајот од средбата со министерот за претпријатија и производство во Италија, Адолфо Урсо, изјави дека со оваа одлука им е овозможено од една страна да ја комбинираат поддршката што ја дава државата, како во смисла на стимулации, така и во однос на производството, со оние што секој регион ги дава и може да ги даде.
Од друга страна пак, „оваа одлука овозможува да бидеме посилни во барањето на автомобилската индустрија за посветеност за одржување и зголемување на нивото на производство“, истакна Сирио.
Подготвено од М.Н.