priroden gas

12.06.2023 Скопје

Завршени се планираните работи за одржување на гасоводот „Турски поток“, а руската компанија „Газпром“ веднаш го обнови договорот за транспортот на гас.

Оваа информација ја соопшти турската компанија на својот профил на Телеграм, каде е истакнато дека се завршени планираните работи за одржување на гасоводот „Турски поток“, кои беа закажани за периодот од 5 до 12 јуни.

Од компанијата истакнаа дека денеска е обновен транспортот на гас, и дека снабдувањето сега ќе тече непречено.

„Турски поток“ е гасовод за природен гас кој извезува метан од Русија во Турција преку Црното Море. Капацитетот на проектот е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. „Турски поток“ исто така испраќа дотур на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.

Подготвено од М.Н.

About Author