22.06.2023 Скопје
Загреб почнува со експериментален проект со кој сака да ги намали или да го контролира множењето на комарците.
Имено, како што најавуваат тамошните медиуми, во следните две недели во Загреб ќе бидат пуштени 100.000 стерилни машки тигрести комарци.
Станува збор за пилот-проект за контрола на комарци со метода која се применува во неколку земји од ЕУ. Станува збор за SIT биолошкиот метод за контрола на комарците, кој се спроведува со пуштање стерилни мажјаци во природата.
Тие се парат со диви женки од истиот вид во областа каде што биле пуштени, а резултатот е дека женките создаваат и несат јајца кои нема да се развијат во нови единки комарци.
Ослободувањето на стерилни мажјаци во доволен број и во подолг временски период им овозможува на мажјаците да се парат со голем број женки, што на крајот би требало да доведе до значително намалување на бројот на тигрести комарци во областа.
Така, во првата недела што почнува денеска, на подрачјето на населбата Цвјетни ќе бидат ослободени 50.000 комарци, а следната недела уште повеќе.
Подготвено од А.Ѓ.