12.06.2023 Скопје
Силен земјотрес денеска ја погоди Србија. Епицентарот бил во околината на Параќин, со магнитуда над 4 степени според Рихтеровата скала.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,6 степени, а епицентарот бил во областа меѓу Шараќин и Крушевац. Подоцна беше констатирано дека земјотресот бил со јачина од 4,2 степени.
Снимен е во 12:11 часот, на длабочина од 10 километри.
Подготвено од А.Ѓ.