27.06.2023 Скопје
Истрагата во трговијата на мало и големо со храна во Шведска откри „загрижувачки“ знаци во профитот на трговците. Регулаторот ќе ги објави прелиминарните наоди од истрагата за цените на храната и конкуренцијата што ги побара Министерството за финансии, откако истрагата ќе биде завршена.
Мартин Мандорф, кој е раководител на единицата за злоупотреба на пазарот во регулаторната агенција, изјави дека има причина за загриженост во развојот на маржите во трговијата на мало и големо, но дека е тешко да се изолираат факторите на трошоците, како што се цените на енергијата и војната во Украина.
Агенцијата ќе го истражува детално целиот синџир на снабдување со храна, од производители и трговци на големо до малопродажниот сектор и ќе собира податоци од водечките супермаркети во Шведска за цените и маржите.
„Во шведскиот прехранбен сектор доминираат три големи компании, што е доказ за „олигопол“, и затоа се подготвуваме да побараме дополнителни информации, а ажурираните наоди ќе бидат објавени до крајот на годината“, изјави Мандорф.
Подготвено од М.Н.