aerodromi

29.06.2023 Скопје

Поради утрешниот штрајк на дел од вработените на аеродромот во Женева, најверојатно ќе има доцнења и откажувања на летови, најавија денеска претставници на овој аеродром.

„Штрајкот што го најави синдикатот за јавни услуги е за жалење, бидејќи ќе се одржи на ден кога многумина патуваат на одмор, вклучително и прометните аеродроми“, се вели во соопштението.

Претставниците на аеродромот во Женева најавија дека некои летови најверојатно ќе бидат одложени или откажани поради овој штрајк.

Во посебно соопштение на веб-страницата на аеродромот, патниците се поканети да бидат на аеродромот во Женева два и пол часа пред полетувањето.

Дел од вработените утре ќе штрајкуваат бидејќи управниот одбор на аеродромот одобрил измени со кои се замрзнуваат некои покачувања на платите на вработените.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author