02.06.2023 Скопје
Шпанскиот закон за репродуктивно здравје, кој го вклучува правото на жените на менструално отсуство, од денес стапува на сила, изјавија шпанските медиуми.
Овој предлог-законот беше одобрен во парламентот уште во февруари, кога министерката за еднаквост Ирене Монтеро истакна дека тоа е „историски ден за унапредување на правата на жените“.
Во Тајван жените можат да останат дома само три дена во годината, и тогаш добиваат само 50 отсто од платата. Во Јужна Кореја пак, работодавците мора да им дадат на жените еден слободен ден во месецот доколку самите тоа го побараат, но законот не регулира кој го плаќа тоа отсуство.
Во донесениот закон во Шпанија, жените за да го остварат правото на менструално отсуство, ќе им биде потребно одобрение од лекар.
Времетраењето на отсуството во принцип не е ограничено, но според законот, ќе зависи од тоа колку жената има болни менструации и колку дена трае болката. Трошоците за менструално отсуство во Шпанија според донесениот закон е предвидено да ги покрива државата.
Подготвено од М.Н.