sholc i stoltenberg

20.06.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот треба да ја прилагоди својата политика на можноста војната во Украина да трае многу долго и дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.

„Мораме да се подготвиме дека рускиот чин би можел да трае долго време“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека за тоа се подготвуваат и на тоа ја насочуваат својата политика.

„Германија ќе продолжи да биде цврст поддржувач на Украина се додека е потребно. Сепак, очигледно е дека НАТО нема да стане страна во конфликтот“, посочи Шолц.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author