14.06.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сегашниот развој на конфликтот во Украина му дава малку причини да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тој ќе преговара кога ќе биде вистинското време.
„Последниот телефонски разговор беше во декември минатата година. Моменталниот развој на ситуацијата на фронтот во последно време дава малку причина за разговор, но ќе го направам тоа повторно во вистинско време за да ги унапредиме нашите цели“, рече Шолц.
Шолц минатата недела изјави дека наскоро планира да разговара со Путин.
Од друга страна, прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков за руската агенција изјавил дека Путин се уште не планира телефонски разговор со германскиот канцелар.
Подготвено од А.Ѓ.