sholc i stoltenberg

22.06.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави пред германскиот парламент дека Украина нема да може да стане членка на НАТО пред крајот на конфликтот. Тој вети и долгорочни безбедносни гаранции за Украина.

„Мораме трезвено да ја разгледаме моменталната ситуација“, посочи Шолц, наведувајќи дека владата во Киев самата признала дека Украина нема да може да влезе во НАТО додека трае конфликтот.

Шолц нагласи дека приоритетот на самитот на НАТО во Вилнус во средината на јули треба да биде насочен кон зајакнување на борбената моќ на Украина.

Берлин и партнерите во Г7 и ЕУ работат на долгорочни безбедносни гаранции за Украина, рече Солц, наведувајќи дека целта е одржлива воена поддршка за Киев, вклучувајќи модерно западно оружје и зајакнување на економската отпорност на Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author