29.06.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е убеден во победата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, на претстојните избори во 2024 година.
„Навистина верувам дека кандидатурата на претседателот Бајден за реизбор ќе биде успешна, бидејќи тој не е само искусен политичар, туку и некој кој навистина работи за социјална кохезија во својата земја“, рече Шолц.
Тој изјави дека за време на неговиот мандат, Бајден бил посветен на обезбедување социјална кохезија што му овозможила да се бори против „Трампизмот“ и слични движења.
Подготвено од А.Ѓ.