kim severna koreja

12.06.2023 Скопје

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека „рака под рака“ со рускиот претседател ќе ја зајакне стратешката соработка на двете земји во насока на постигнување на заедничката цел – изградба на помоќни држави.

Ким го даде ова ветување во пораката до рускиот претседател на Националниот ден на Русија, бранејќи ја одлуката на Русија да ја нападне Украина со изрази на „целосна поддршка и солидарност“.

„Правдата сигурно ќе надвладее и рускиот народ ќе продолжи да ја слави својата победничка историја“, рече Ким.

Ким ја повика официјална Москва на поблиска стратешка соработка „рака под рака“ со рускиот претседател, во согласност со заедничката желба на луѓето од двете земји да ја постигнат големата цел за изградба на моќна земја.

Северна Кореја ја поддржа Русија по минатогодишниот напад на Украина, обвинувајќи ја за конфликтот „хегемонистичката политика и агресивноста на Соединетите Американски Држави“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author