severna koreja zgolemen problem so hrana

05.06.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави проценуваат дека Северна Кореја половина од заработката од девизи ја добива од кражби и сајбер напади.

Оваа информација ја соопшти анонимен висок функционер на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Според официјалниот анонимен претставник, Вашингтон има намера дополнително да се спротивстави на ваквите активности, кои се клучни за финансирањето на севернокорејската балистичка и нуклеарна програма.

Фреквенцијата и обемот на сајбер кражбите извршени од Северна Кореја покажаа нагло зголемување од 2018 година, во врска со интензивирањето на ракетните лансирања од страна на Пјонгјанг.

Јужнокорејската влада проценува дека Северна Кореја украла повеќе од 700 милиони долари во криптовалути преку сајбер напади во 2022 година и стотици милиони долари преку севернокорејски компјутерски инженери во странство.

Подготвено од М.Н.

About Author