17.06.2023 Скопје
Стресот стана дел од секојдневието, а се поголем број луѓе се жалат дека се под притисок. Големиот број на обврски ги тера и оние кои се најмирни и имаат оптимистички поглед на светот да сакаат да се исклучат и барем на кратко да се оддалечат од се и секого.
Ако се чувствувате исцрпени, испробајте една од седумте техники за релаксација.
1. Преглед на фото албуми
Добрите спомени официјално го стимулираат лачењето на серотонин; ако сте нервозни земете го телефонот и погледнете ги сликите од вашето домашно милениче, дете, партнер, пријател.
Исто така, се препорачува да ги испечатите омилените спомени и да направите фото албум или да ги ставите фотографиите во рамки кои ќе ги чувате на видливи места во куќата.
2. Планирање
Истражувањата покажуваат дека кога имаме нешто испланирано, од ситници како ноќно излегување до одмор, нашето тело подобро се бори со стресот.
Знаејќи дека имаме на што да очекуваме, го стимулира лачењето на допамин и го подигнува расположението, но и самодовербата дека ќе успееме да го спроведеме.
3. „Правило од пет секунди“
Ако чувствувате дека сте обземени од негативни емоции, користете го „правилото од пет секунди“.
Дозволете си да почувствувате максимум страв, тага или некоја друга негативна емоција, а потоа почнете да броите наназад од пет, да дишете полека и полека да одите.
Ова треба да му помогне на вашиот нервен систем да се справи со одговорот на адреналин што вашето тело му го испраќа.
4. Мириси
Познато е дека одредени мириси го подигнуваат нашето расположение и ни помагаат да размислуваме појасно.
Релаксирачката лаванда го смирува нервниот систем, а аромите на агрумите, како што се лимонот или портокалот, можат да помогнат во ублажување на чувствата на анксиозност.
Вдишувањето на мирисот на свежо исечената трева ослободува серотонин.
5. Чистење на просторијата и пробување на гардеробата
Општо познато е дека нередот околу нас поттикнува неред во нас. Затоа, доколку сте под стрес, фатете се за работа и исчистете се што е непотребно во просторот каде што престојувате. Ова ќе ви помогне да се „прочистите“.
Ако сте депресивни или тажни, принудете се да го отворите плакарот и да ја пробате гардеробата што најмногу ви стои; овој трик ја зголемува самодовербата, а боите како жолтата особено влијаат на доброто расположение.
6. Галење милениче или играчка
Галењето кучиња, мачки или други крзнени миленичиња е одличен начин да се поттикне релаксација и да се намали нивото на хормонот на стрес кортизол. Ако немате домашно милениче, можете да го добиете истиот тактилен ефект со подигање на плишана играчка.
Истражувањата покажуваат дека гледањето мачки како играат на социјалните мрежи го зголемува расположението.
7. Градинарство
Без разлика дали се работи за саксија со домашни цвеќиња или цветните леи во вашиот двор, градинарството е одлично хоби кое ви помага да се чувствувате подобро.
Студиите покажаа дека грижата за растенијата и валкањето на рацете ја зголемува благосостојбата и го подобрува начинот на размислување. Доколку сакате да го удвоите ефектот, вклучете ја камилицата меѓу вашите билки за дополнителна релаксација.
Подготвено од А.Ѓ.