zgolemen brojot na nuklearni boevi glavi

12.06.2023 Скопје

Подготвените нуклеарни боеви глави се зголемија меѓу 2022 и 2023 година за 86 единици, при што околу две илјади се држени во максимална готовност, главно од САД и Русија.

Ова е резултат кој што произлегува од годишниот извештај за стратешките арсенали подготвен од Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ).

Според студијата, по војната што Русија ја води против Украина и општото влошување на безбедносната ситуација на глобално ниво, нуклеарните сили инвестираат во модернизацијата на своето оружје.

Во исто време и Соединетите Американски Држави и Русија започнаа обемни програми за модернизација на нивните стратешки арсенали.

Повеќето од силите опремени со атомски бомби ја заоструваат својата реторика за важноста на нуклеарното оружје, а некои дури и експлицитно се закануваат дека ќе го употребат. Како што истакна Мет Корда од СИПРИ, оваа засилена нуклеарна конкуренција во голема мера го зголеми ризикот од распоредување стратешко оружје за прв пат по Втората светска војна.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, има девет нуклеарни сили: Русија, САД, Кина, Франција, Обединетото Кралство, Пакистан, Индија, Северна Кореја и Израел.

Првите две земји поседуваат околу 90 отсто од сите нуклеарни боеви глави, а потоа следува Кина со 410 единици, односно 60 повеќе меѓу 2022 и 2023 година.

Подготвено од М.Н.

About Author