15.06.2023 Скопје
Во австриската провинција Тирол се урна дел од врвот на планина, што предизвика уривање на повеќе од 100.000 кубни метри карпи и лизгање на земјиштето.
Карпите почнаа да паѓаат во неделата од Флутхорн, планина висока околу 3.400 метри на Алпите на границата меѓу Австрија и Швајцарија.
Се урнаа над 100.000 кубни метри карпа, чии делови паднаа во долината, изјави австрискиот геолог Томас Фигл, оценувајќи дека се работи за релативно голем инцидент.
Геолозите тврдат дека колапсот настанал поради топење на вечниот мраз, односно трајно замрзната почва.
Вечниот мраз најчесто се поврзува со арктичкиот појас, но го има и на европските Алпи.
„Можеме да бидеме релативно сигурни за причината за овој инцидент: вечниот мраз. Мразот се лепи за планините и се топи поради климатските промени. Тоа потоа ги предизвикува ефектите што ги гледаме овде“, рече Фигл.
Климатските промени предизвикани од човековата активност доведуваат до зголемување на глобалните температури, што предизвикува топење на вечниот мраз и ледените површини, па, како што предупредуваат експертите, свлечиштата во овој алпски регион би можеле да бидат почести.
Подготвено од А.Ѓ.