02.06.2023 Скопје
Регионалниот оддел за хигиена, здравствена и социјална помош на Сардинија го објави новиот повик за тендер за трајно распоредување на слободни позиции во општа медицина за 2023 година.
Огласот, објавен во Бурас, ќе остане отворен дваесет дена изјави регионалниот советник за здравство, Карло Дорија.
„Наш приоритет е да одговориме на потребите од примарната здравствена заштита во областа. Во последните месеци имплементиравме вонредни решенија за итни случаи, со активирање на „Аскот“, вонредните амбуланти на локалните заедници и зголемување на максимумот на доброволна основа“, истакна Дорија.
Недостигот од лекари останува главното прашање за Сардинија како и за другите региони, важниот резултат постигнат со синдикатот во март годинава, за договор за 140 обесправени ординации, на кои се ставени важни ресурси за да им даде економски поттик на лекарите, може да донесе позитивен одговор на сите оние ординации каде што е тешко е да се најдат лекари подготвени да прифатат задачи, изјави регионалниот советник за здравство на Сардинија.
Подготвено од М.Н.