https://www.facebook.com/photo.php?fbid=809932310501560&set=pb.100044543944802.-2207520000.&type=3

02.06.2023 Скопје

На крајот од самитот на европската политичка заедница кој се оддржа во Молдавија, претседателката на таа земја, Маја Санду, изјави дека „силата и единството“ е покажано на едно место во време кога е загрозена стабилноста на Европа.

Санду на прес-конференцијата изјави дека целиот континент е собран во Молдавија со една цел, а тоа е да се врати мирот и стабилноста во Европа.

На заедничката конференција со премиерите на Чешка и Шпанија, Санду соопшти дека Европа покажала дека сите се обединети против најголемата агресија од Втората светска војна, и дека лидерите разговарале за заеднички акции кои ќе ја направат Европа посилна и побезбедна.

Премиерот на Шпанија, каде што ќе се одржи следниот самит на 5 октомври, изјави дека денешниот состанок не се одржал случајно во Молдавија и дека земјата „може да смета на европското семејство“.

Подготвено од М.Н.

About Author