14.06.2023 Скопје
Соединетите Американски Држави тајно ги рестартираа разговорите со Иран со цел ослободување на американските затвореници и ограничување на нуклеарната програма на Техеран. Контактите веќе доведоа до ослободување на 2,5 милијарди евра кои ирачката влада ги искористи за купување гас и електрична енергија, кои претходно беа замрзнати поради американските санкции.
По првичната средба меѓу високи функционери на двете земји во Њујорк, која се одржа во декември минатата година, имаше и индиректни разговори во Оман, каде што претставници на Белата куќа присуствуваа во најмалку три наврати.
За време на изборната кампања, американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе работи на повторно започнување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна енергија, од кој САД се повлекоа во 2018 година кога беше под претседателство на Доналд Трамп.
Со цел да се смират тензиите на Блискиот Исток, дипломатската акција која е во тек, сепак е уште поделикатна на политичко ниво со неодамнешните потези на Иран, кој испорача беспилотни летала на Русија во контекст на војната во Украина, која постигна напредок во збогатувањето ураниум и во неколку наврати заплени танкери во Персискиот залив.
Во замена за ослободување на затворениците и забавување на нуклеарните активности, Техеран бара ослободување на милијарди долари од приходите поврзани со продажбата на енергија, кои моментално се замрзнати во странство.
Техеран честопати јавно бараше пристап до околу 7 милијарди долари готовина депонирана во Јужна Кореја и други фондови кои моментално се блокирани во Ирак.
Администрацијата на претседателот Бајден соопшти дека, доколку во овој случај дојде до ослободувањето на средствата, тоа би било условено со нивно користење само во хуманитарни цели.
Подготвено од М.Н.