meso vo laboratorija

22.06.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден им одобрија на две компании за првпат да продаваат „пилешко месо“ одгледано во лабораторија и со тоаа станаа втората земја во светот, по Сингапур, која го отвори патот за вештачкото месо.

Компаниите „Upside Foods“ и „Good Meat“ веќе добија одобрение од Американската агенција за безбедност на храна и лекови (ФДА) во ноември, додека Министерството за земјоделство минатата недела ја провери и одобри регуларноста на етикетирањето на тие производи.

Ума Валети, извршен директор и основач на „Upside Foods“, поздравувајќи го „џиновскиот чекор кон поодржлива иднина“, истакна дека оваа дозвола суштински ќе го промени начинот на кој месото стигнува до нашите трпези.

Џош Тетрик, коосновачот и извршен директор на компанијата „Eat Just“, која е мајка фирма на „Good Meat“, е воодушевен што месото одгледано во лабораторија сега е „дозволено за продажба“.

Од „Eat Just“ уверуваат дека производите на двете компании наскоро ќе бидат достапни во неколку ресторани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author