https://www.facebook.com/photo.php?fbid=464364322378458&set=pb.100064146837086.-2207520000.&type=3&locale=mk_MK

12.06.2023 Скопје

По шест години откако администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп го повлече членството во УНЕСКО на САД, донесена е одлука Соединетите Американски Држави повторно да се вратат во организацијата, изјави портпарол на Стејт департментот.

Откако палестинските власти станаа полноправна членка на УНЕСКО во 2011 година, од тогаш администрацијата на Барак Обама престана да ја финансира организацијата бидејќи тоа беше забрането со американски закон.

Една од главните целите на администрацијата на претседателот Џо Бајден, беше враќањето на членството во УНЕСКО, и обидот да се спротивстави на растечкото влијание на кинеската влада, на агендата на агенцијата во Обединетите нации, соопшти Стејт департментот.

Подготвено од М.Н.

About Author