ukraina posrednistvo kina

27.06.2023 Скопје

САД планираат да објават нов пакет воена помош за Украина, вреден околу 500 милиони долари, што ја одразува американската решеност да и помогне на Украина во конфликтот со Русија во време кога официјална Москва се соочува со бунт на дел од нејзините вооружени сили, соопштија американските власти.

Пакетот помош вклучува 30 борбени возила „Бредли“ и 25 оклопни транспортери „Страјкер“.

Како дел од пакетот помош, Украина ќе добие муниција за високомобилни ракетни системи ХИМАРС, противтенковски системи Стингер и системи за противвоздушна одбрана Патриот, потврдија неименувани американски претставници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author