rusija i germanija

01.06.2023 Скопје

Руско-германските односи се на историско најниско ниво, откако германската влада во текот на вчерашниот ден објави дека Русија ќе затвори четири дипломатски претставништва во Германија.

Овој потег доаѓа откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во германската амбасада и сродните тела во Русија.

Кремљ најави дека само 350 германски дипломати можат да останат на негова територија.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер изјави за новинарите во Берлин дека Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен.

Бургер рече дека на Русија ќе и биде дозволено да продолжи да работи со својата амбасада во Берлин и уште еден конзулат по крајот на годината.

Руската влада неодамна објави дека најмногу 350 германски владини службеници, вклучително и оние кои работат во културни тела и училишта, би можеле да останат во Русија.

Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и Калининград. Отворени ќе останат само амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.

Бургер рече дека „едноставно нема основа“ за бројни билатерални активности меѓу двете земји.

Бургер рече дека одлуката на Германија да го концентрира својот преостанат персонал во амбасадата и клучниот конзулат ќе „одржи дипломатско присуство во Русија“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author