17.06.2023 Скопје
Американската НАСА официјално потврди дека рускиот космонаут Константин Борисов ќе биде член на тимот на мисијата SpaceX Crew-7 на Меѓународната вселенска станица (ISS) во средината на август.
„Потврден е последниот член од екипажот на мисијата SpaceEks Crew-7 на НАСА, која според сегашните планови треба да биде лансирана кон Меѓународната вселенска станица во средината на август“, се вели во соопштението на НАСА.
Се додава дека космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов ќе лета како специјалист на седмата орбитална мисија на SpaceX во орбиталната лабораторија на НАСА.
„Борисов им се придружува на претходно назначените членови на екипажот на НАСА од Европа и Јапонија. Ова ќе биде прв вселенски лет за Борисов, кој во 2018 година стана дел од космонаутскиот корпус Роскосмос и кандидат за космонаути“, се вели во соопштението на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација.
На 15 јули 2022 година, руската вселенска агенција Роскосмос објави потпишување на договор за заеднички вкрстени мисии на руски и американски астронаути на Меѓународната вселенска станица.
Подготвено од А.Ѓ.