22.06.2023 Скопје
Коалицијата на западните земји кои имаат намера да ја снабдат Украина со борбени авиони Ф-16, наводно, ја оценуваат Романија како место за обука за летање за украинските пилоти.
Според американските медиуми, земјите на НАТО се се поблиску до започнување програма која има за цел да лета Ф-16 над небото на Украина во рок од неколку месеци.
Аналитичарите сметаат дека обуката на пилотите во Романија ќе му биде доверена директно на Локхид Мартин, американскиот воздушен гигант што го произведува Ф-16.
Главниот оперативен директор на Локхид, Френк Сент Џон, изјави дека компанијата е подготвена да го обучи украинскиот персонал за летање и одржување на Ф-16 штом западните земји се договорат за условите за снабдување на авионите.
Подготвено од М.Н.