мкд еу и србија

26.06.2023 Скопје

Во Ниш денеска е потпишан првиот договор за 3,6 милиони евра од програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија финансирана од Европската унија (ЕУ).

Договорот за финансирање го потпишаа министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, вицепремиерот на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жиофре, за време на Неделата на можностите на ЕУ.

Поддршка за здравствена и социјална и културна инклузија, како и подобрување на туризмот, се опфатот на оваа програма за прекугранична соработка, се вели во соопштението.

Вкупниот буџет на програмата усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година изнесува 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се кофинансирани од ЕУ, што е повеќе од двојно повеќе од средствата во споредба со претходните седумгодишни финансиски перспектива, се вели во соопштението.

Се очекува, благодарение на Програмата, социјалните и здравствените услуги за ранливите групи да бидат подостапни за граѓаните, како и да има повеќе културни содржини за сите жители од територијата на Програмата.

Развојот на прекуграничниот туризам и заштитата на културното и природното наследство од двете страни на границата значително ќе го зголемат бројот на туристички посети и должината на престојот на туристите во пограничната зона.

Како што е наведено, областа на оваа програма за прекугранична соработка ги опфаќа областите Јабланица и Пчињ во Србија и североисточниот регион и дел од скопскиот регион во Република Северна Македонија, каде што живеат околу 850.000 жители во двете земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author